Утрински Весник
Македонија

Во куќа во Скопје пронајден над еден килограм марихуана

Во куќа во Скопје пронајден над еден килограм марихуана

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес во домот на осомничениот на улицата „Кленоец“, на 17 ноември биле пронајдени 15 стаклени тегли и една зипер-ќесичка со вкупно 1.017,52 грама марихуана.

Притоа биле пронајдени и повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Уште една кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица, Костадинов

Моторџија удрил во жена пешак во центарот на Скопје

СДСМ: Мицкоски има нови кадри за Судскиот совет- бандата на власт бара спас во контролирано судство