Утрински Весник
Македонија

Во Крушево се дезинфицираат компании и се чисти градот

Во Крушево се дезинфицираат компании и се чисти градот

Крушево, 16 април 2020 (МИА) – Општината Крушево изврши дезинфекција во компаниите за преработка на тутун „СЕКЕ“ и текстилната „Фалко“, со што продолжи да ги спроведува мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во текот на вчерашниот ден беше извршена дезинфекција на фабриката Секе, а претходно беше спроведена и втората фаза од дезинфекција во конфекцијата „Фалко“. Според крушевскито градоначалник Томе Христоски, денеска се чисти градот.

-Продолжуваме со спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и затоа мора да обезбедиме чисти и целосно дезинфицирани работни простории за вработените во компаниите „Секе“ и „Фалко“. Денеска спроведуваме и акција за чистење во целиот град, вели Христоски. ем/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ