Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка ќе се спроведе програмата Ромактед на ЕУ

Во Крива Паланка ќе се спроведе програмата Ромактед на ЕУ

Крива Паланка, 5 март 2020 (МИА) – Крива Паланка е една од општините во Република С. Македонија во која ќе се спроведува програмата Ромактед (ROMACTED) на Европската унија и Советот на Европа.

-Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, оствари средба со проектниот менаџер на програмата Ромактед, Маркос Андраде, со проектните раководители и претставници на Асоцијацијата за демократски развој на Роми „Сонце“ од Тетово, како и претставници од општинската администрација на која беше презентирана оваа програма. На состанокот се разговараше и за актуелната состојба на Ромите во општината, како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат Ромите, со акцент на изнаоѓање начини за нивно решавање, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Ромактед програмата е финансирана од Европската унија и Советот на Европа, А има за цел промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.ид/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”