Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка шест лица во самоизолација

Утврден приоритет на три проекти за водовод и канализација во Крива Паланка

Крива Паланка, 3 април 2020, (МИА) – Уште шест од вкупно 35 лица од Општина Крива Паланка се наоѓаат во задолжителна самоизолација, додека кај останатите периодот од 14 дена е истечен, информираат од ОВР Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека граѓаните на Општина Крива Паланка го почитуваат полицискиот час, но сеуште наместа се забележуваат групирани лица.
-Апелираме граѓаните да не се собираат во групи, посебно пред аптеките, банките и маркетите.Сите граѓани кои чекаат ред за да извршат некаква набавка, дали на намирници или лекови, задолжително да ги почитуваат препораките и да се држат на соодветно растојание, посочуваат од Полициската станица при ОВР Крива Паланка.
Истовремено,апел е упатен и до лицата кои се на возраст над 67 години без посебна причина да не излегуваат од своите домови, потсетувајќи на забраната за движење по 11 часот. ид/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”