Утрински Весник
Македонија

Во Кочани направени 15 скрининг тестови на КОВИД-19, резултатите се негативни

Општина Кочани додели 26 студентски стипендии

Кочани, 28 март 2019 (МИА) – Во пунктот за скрининг тестови во Центарот за јавно здравје во Кочани вкупно 15 граѓани направиле контрола за присуство на КОВИД-19 и сите покажале негативни резултати.

Лицата се тестирани поради сомнителни здравствени симптоми, а по претходен упат од матичен лекар. Инаку, во пунктот се контролираат граѓаните од општините од источниот регион за кои е надлежен кочанскиот Центар за јавно здравје.

Од општинските кризни штабови во Кочани и Виница информираа дека е преполовен бројот на граѓаните во домашна изолација и во моментот оваа мерка се спроведува за 60 лица во Кочани и за 67 лице во Виница. Според информациите од службите кои контактираат со нив, засега ниеден не покажува симптоми на КОВИД-19.

-Во Здравствениот дом во Виница на располагање се девет лекари во Итната медицинска помош кои ротираат во смени и за кои се набавува соодветна заштитна опрема. Исто така, адаптирано е едно возило, како и просторија за прием на лица со КОВИД-19, доколку има потреба. Во болницата сите термини за прегледи се откажани, а матичните лекари можат да се контактираат исклучиво телефонски, информираа од општинскиот Кризен штаб во Виница.

Мобилните тимови на општинските организации на Црвен крст од Кочани и Виница располагање имаат дваесетина волонтери кои им помагаат на 40 семејства од социјално ранливите категории, а организираа и акции за крводарување при што собрани се 50 крвни единици.

Од Кризниот штаб на Кочани информираа дека е голем интересот за дезинфекција во производните хали на претпријатијата, така што екипите од Територијалната противпожарна единица кои го вршат прскањето во деновите од викендот ќе работат во две смени. та/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Награди од „Литера“ за Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба

НБРМ: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото” кредитирање

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи