Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се нови 11 пациенти, а 16 се пуштени дома

Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се нови 11 пациенти, а 16 се пуштени дома

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 11 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 252 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Сто странски гости потврдени на 16. „Македокс“, 75 документарци ќе може да се видат на пет фестивалски локации

Стејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права