Утрински Весник
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 24 пациенти

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа на домашно лекување се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември, има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести, лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања Козле има 21 пациент. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопштуваат од Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи

Забрана за тешки товарни возила на неколку превои

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!