Утрински Весник
Македонија

Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час

Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час

Кичево, 2 мај 2020 (МИА) – Во Кичево во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење, едно лице не ја почитувало забраната за движење. Тоа е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „непочитување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Според информациите од СВР Охрид, во истиот период не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето што го покрива СВР Охрид, вкупниот број на лица во самоизолација е 69, од кои пет се од Кичево.

Полициските службеници извршиле и 99 контроли на угостителски и други објекти. рф/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце