Утрински Весник
Свет

Во Кина има локален пренос на коронавирус првпат по скоро два месеци

Во Кина има локален пренос на коронавирус првпат по скоро два месеци

Кина ја објави првата локална трансмисија на Ковид-19 по скоро два месеци, додека во градот Кингдао се врши тестирање низ целата територија откако беа откриени нови случаи поврзани со болница каде се лекуваат „увезени“ случаи.

Националната здравствена комисија соопшти дека на 12 октомври биле пријавени 13 случаи на зараза со Ковид-19 во Кина, а претходниот ден имаше 21 лице.

Седум од новите случаи се увезени во странство, додека шест се пријавени во источната провинција Шандонг, каде се наоѓа и градот Кингдао.

Локален пренос на Ковид-19 последен пат беше пријавен во Кина на 15 август, кога беа регистрирани четири потврдени случаи во Ксинџијанг.

Вкупниот број на случаи на Ковиди-19 во континентална Кина сега е 85.591, додека бројот на починати остана непроменет на 4.634.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа