Утрински Весник
Македонија

Во Карпош приведен разбојник баран за пет кривични дела

Во Карпош приведен разбојник баран за пет кривични дела

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи во Карпош, во вечерните часови на 17 ноември, на подрачјето на оваа скопска општина го уапсиле 30-годишниот И.Р. од Скопје, поради сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“.

Како што информираат од МВР, тој се товари дека делата ги извршил во продажни објекти, игротека и аптека на подрачјето на Шуто Оризари, а имал и еден обид за разбојништво во аптека на подрачјето на Карпош.

При извршен разговор, приведениот ги признал споменатите кривични дела, а се работи на расчистување и на други злодела, по што против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче, како специјален бугарски пратеник верува дека уставните измени се последно барање

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски