Утрински Весник
Свет

Во камион во Тексас починале 46 мигранти

Американските служби јавуваат дека најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас.

Од противпожарната служба соопштија дека 16 луѓе, меѓу кои четири деца, се пренесени во болница, а преживеаните страдале од топлотен удар и исцрпеност.

Камионот бил пронајден покрај пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Сан Антонио се наоѓа на 250 километри од границата меѓу САД и Мексико каде е главната транзитна рута за шверц на луѓе.

Температурата вчера во овој дел од САД достигнала 39,4 степени Целзиусови.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард изјавил дека двајца Гватемалци се меѓу префрлените во болница. Националноста на другите жртви засега не е позната.

Три лица се во притвор, а истрагата е предадена на федерални агенти.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите