Утрински Весник
Свет

Во Италија над 28.000 новозаболени и 562 починати

Во Италија над 28.000 новозаболени и 562 починати

Во Италија во последните 24 часа регистррани се 28.337 нови случаси на коронавирус, а починале 562 лица. Изминатиот ден биле направени 188.747 тестови, пренесе Ројтерс.

Расте бројот на починати на дневно ниво, а се зголемува и бројот на хоспитализирани лица, како и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега.

На болничко лекување моментално се над 34.000 луѓе, а на интензивна нега 3.801 пациент.

Од почетокот на пандемијата во Италија починаа речиси 49.000 луѓе, а се заразиле 1,4 милиони луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада