Утрински Весник
Спорт

Во Италија: Милан и Рангник се договорија

Рангник откри што довело до прекинување на преговорите со Милан

Милано, 17 јуни 2020 (МИА) – Ралф Рангник се договорил со управата на Милан, пишува „Тутоспорт“ на денешната насловна страница. Според публикацијата, сите разлики меѓу двете страни се решени, а официјалната потврда за именувањето се очекува на почетокот на август.

Средба меѓу Рангник и Гордон Сингер од „Елиот“ ќе се одржи во наредните недели, но пристигнувањето на поранешниот тренер на РБ Лајпциг сега е сигурно, а останува само неговиот потпис и официјално соопштение.

Едно не е сигурно и тоа е дали тој ќе има спортска и техничка моќ, или ќе биде само тренер на тимот. Останува да се види кој ќе биде буџетот за летната селекција, како и штабот на Рангник.

За парите за нови пополнувања имаше несогласувања во преговорите, но „Елиот“ заврши многу добра дипломатска работа, убедувајќи го Германецот да ја прифати понудата на клубот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство