Утрински Весник
Спорт

Во Италија конечно се разбраа – почнуваат групни тренинзи

Министерот за спорт на Италија го потврди стартот на заедничките тренинзи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 19 мај 2020 (МИА) – Владата и фудбалското раководство конечно се разбраа за медицинскиот протокол, кој треба да се следи. Ова значи дека на клубовите веќе им е дозволено да започнат со групни тренинзи. Сепак, сè уште нема дозвола или датум за обновување на првенството.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора не беше специфичен за Серија „А“. Тој рече дека наредните денови ќе бидат пресудни.

– Се надеваме дека сезоната ќе продолжи што поскоро, но ништо не е сигурно во моментот. Ако кривата на заразата продолжува да се спушта, ќе можеме да го потврдиме датумот за почеток на натпреварите во Серија „А“. Мораме да стигнеме таму постепено, движејќи се со претпазливост и одговорност како порано, рече Спадафора.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов