Утрински Весник
Свет

Во Италија донесен закон според кој домашните миленици можат да бидат погребани со сопственикот

Во Италија донесен закон според кој домашните миленици можат да бидат погребани со сопственикот

Во италијанската провинција Лигурија можно е да се погреба милениче заедно со сопственикот, а тоа е предвидено со усвоените измени на законот за погребални услуги и правила поврзани со погребување домашни миленичиња, а кои беа усвоени од Регионалниот совет на покраината.

„Анса“ наведува дека пепелта од домашни миленици, по кремирање и во посебна урна, може да биде поставена во истиот гроб со сопственикот или во семејна гробница на барање или по желба на покојникот или неговите наследници.

Повеќе од 40 проценти од Италијанците имаат домашно милениче, а Италијанците, според истражувањето спроведено од „Амазон“, најмногу се приврзани кон своите миленици, дури 71 процент од испитаниците веруваат дека миленичето е како дете.

Можеби дури и повеќе од дете, затоа што Италија е прва во Европа во однос на нискиот наталитет. Минатата година, во последните 102 години е забележана рекордно ниска стапка на наталитет – родени се само 349 илјади деца.

Според статистичките податоци, Италијанците чуваат 60 милиони и 300 илјади домашни животни дома, а таа љубов ги чини две милијарди и 300 милиони евра годишно.

Текстот Во Италија донесен закон според кој домашните миленици можат да бидат погребани со сопственикот е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

Напаѓачот на Фицо призна вина