Утрински Весник
Свет

Во Ирпин пронајдени 269 тела, брзо се копаат гробови

Во Ирпин пронајдени 269 тела, брзо се копаат гробови

Украински истражители прегледале 269 тела во Ирпин, во близина на Киев, откако градот беше вратен од руските сили кон крајот на март, соопштија полициски претставници додека работниците копаа свежи гробници во предградијата.

Градот, дом на околу 62.000 луѓе пред војната, беше едно од главните жаришта на борбите со руските трупи пред тие да се повлечат од северните украински региони за да ја засилат офанзивата на исток.

Десетици нови гробници беа ископани на гробиштата во предградието на Ирпин и покриени со венци. Придружувани од погледите на неколку ожалостени луѓе, работниците набрзина ги закопаа загинатите.

„ Досега извршивме увид на 269 тела“, рече Серхи Пантелеев, првиот заменик началник на главниот полициски истражен оддел.

Тој рече дека е во тек форензичката работа за да се утврди причината за смртта на многу жртви, споделувајќи фотографии од јагленисани човечки останки. Тој рече дека биле прегледани седум места во Ирпин каде наводно биле застрелани цивили, без да даде повеќе детали.

Русија негира дека целела цивили и ги негираше наводите дека нејзините сили извршиле воени злосторства на окупираните територии на Украина.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking