Утрински Весник
Свет

Во Индија уапсени 28 лица за групно силување на девојче

Во Индија уапсени 28 лица за групно силување на девојче
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Индиската полиција уапси 28 лица под сомнение за групно силување на 15-годишно девојче, пренесува Би-Би-Си.

Властите во Индија го истражуваат случајот во кој девојчето било силувано во период од околу девет месеци, објавија локалните медиуми.

Извештаите тврдат дека се’ започнало кога нејзиното момче ја силувало и го снимило инцидентот. Потоа, тој и неговите пријатели наводно ја користеле снимката за да ја уценуваат и да имаат секс со неа.

Властите соопштија дека групните силувања се случиле во различни предградија на Мумбаи.

Девојчето, најпосле, го пријавило случајот во полицијата, именувајќи вкупно 33 напаѓачи.

Од групното силување на жена во автобус во 2012 година, што предизвика глобален гнев, Индија воведе строги закони за решавање на злосторствата од сексуална природа, но и покрај тоа,  силувањата претставуваат сериозен проблем во земјата.

Само минатата година, Националното биро за евиденција за криминал во Индија регистрираше 28.046 случаи на силување – или речиси 77 случаи на ден.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа