Утрински Весник
Свет

Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19

Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19
Dik 300x250 mk

Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Индиските научници претходно предупредуваа на двоен мутиран вид, а тројниот мутиран вид ќе предизвика само уште поголеми проблеми, објави лондонски „Индепендент“.

Тројниот мутиран вид значи комбинација од три различни варијанти на ковид, кои формираа нов вид во индиските држави како што се Западна Бенга, Махараштра и Делхи и се верува дека се доминантни таму, објави „НДТВ њуз“

Професор по епидемиологија на универзитетот „Мекгил“ за НДТВ изјави дека станува збор за уште позаразен вид.

„Многу луѓе се заразуваат со него многу брзо. Ние мора да продолжиме да ги приспособуваме вакцините за да се бориме против новите видови. Треба да ја разбереме заразата, што бара детално секвенцирање”, рече Мадхукар Паи.

Тој изјави дека доцнењето во откривањето на двојни мутации придонело за големо ширење на Ковид-19 во Индија.

Во моментов, извештаите во весниците велат дека тројниот мутиран вирус е повеќе прашање на интерес за научниците отколку на загриженост.

Винод Скарија, кој работи во Советот за научни и индустриски истражувања во Делхи, рече дека се потребни дополнителни истражувања за да се види ефикасноста на вакцините против овој вид.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно