Утрински Весник
Македонија

Во изолација уште 860 лица, 199 во самоизолација, а 559 не носела маски

МВР билтен

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, информираат од МВР, регистрирани се 559 прекршоци. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница