Утрински Весник
Македонија

Во Зоолошката градина во Скопје пронајдена експлозивна направа

Во Зоолошката градина во Скопје пронајдена експлозивна направа

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера попладнево во кругот на Зоолошката градина во Скопје била пронајдена експлозивна направа.

– На 01.05.2020 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека додека се вршелo ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје, била пронајдена експлозивна направа. Известена била Единицата за антитероризам, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа биле подигната за понатамошна постапка, се наведува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Информацијата за дел од медиумите ја потврди и директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана