Утрински Весник
Македонија

Во земјава се лекуваат 869 лица заразени со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 48 лица

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 143 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 112 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 16 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 23, Кавадарци 69, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1537 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите, објави МЗ.

Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Што се однесува до состојбата со новозаразени од Ковид-19 во Скопје, од ресорното министерство истакнуваат дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.

Вкупно 668 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка информираат од МЗ и додаваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа