Утрински Весник
Македонија

Во завршна фаза изградбата на првата спортска сала во Делчево

Во завршна фаза изградбата на првата спортска сала во Делчево

Делчево, 23 јуни 2020 (МИА) – Во завршна фаза е изградбата на првата спортска сала во Делчево. Вршејки увид во текот на градежните активности, градоначалникот Горан Трајковски истакна дека инвестициите во спортските објекти се инвестиции во младите и создавање услови за развој на спортот и спортските клубови, а со тоа и создавање услови за промоција на спортот како здрав начин на живот.
-Оваа спортска сала има посебно значење во Делчево. Но, иако е прва спортска сала во градот што ги обединува и учениците од училиштето и сите спортски клубови од градот, беше во многу лоша состојба и со години учениците од училиштето но и спортистите работеа во несоодветни услови. Со реализацијата на овој проект како локалната власт, уште еднаш докажуваме дека ги решаваме проблемите и создаваме услови за поквалитетен живот на секој граѓанин во Делчево, истакна Трајковски.
Како што додаде директорот на училиштето Горан Велков, старата спортска сала во деветолетката „Ванчо Прке“ деновиве ќе добие нов висококвалитетен, спортски PVC- под, со што ќе завршат градежните работи во училиштето.
-Согласно проектот за реконструкција на салата се заменија и салонитните азбесни ќерамиди со нов пластифициран антикондензирачки ребраст лим, а се изврши и замена на фасадната столарија, каде што старите метални прозорци се заменети со термоизолирачки PVC- прозори, а се планира и асфалтирање на теренот за одбојкa, рече Велков.
Освен реконструкцијата на спортската сала, беше извршено и партерно уредување на влезовите на училиштето, со што училиштето доби сосема нов лик. Вкупната инвестиција на проектот е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедни од буџетот на училиштето.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ за политички прогон на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите