Утрински Весник
Свет

(Во живо) Седми ден од руската инвазија на Украина, руските падобранци слетаа во Харков, нов ден за преговори

(Во живо) Седми ден од руската инвазија на Украина, руските падобранци слетаа во Харков,  нов ден за преговори

Седми ден од руската инвазија на Украина.

Руските напади врз украинските градови продолжуваат. Руските војници влегоа во Керсон, а во текот на ноќта продолжија нападите врз Харков и предградијата на Киев.

Украинските новински агенции објавија снимки во кои се наведува дека ги прикажуваат последиците од синоќешните борби во градот Бородинка кај Киев.

Во текот на ноќта рекетиран бил и Житомир, а ракетите, како што соопшти Украина, наместо во соседниот аеродром, погодиле куќи, при што загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.

Денеска е нов ден за преговори.

Клучни настани:

Вчера поладнето Русите, откако најавија дека ќе пукаат во цели во Киев, ја ракетираат ТВ кулата при што загинаа пет лица.

Пред Киев е огромен руски воен конвој.

Руските падобранци слетаа во Харков во обид да го освојат опколениот град, соопшти украинската армија.

Во соопштението се наведува дека руските сили ја нападнале регионалната воена болница и дека борбите се во тек.

Си-Ен-Ен синоќа, повикувајќи се на проверени видеа, објави дека станбен комплекс во близина на болницата бил погоден во нов напад на руските сили врз Харков.

Телевизиите јавуваат и дека во близина на Киев се слушнале серија експлозии.

Претходно советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко соопшти дека руските сили синоќа го бомбардирале аеродромот во Чугујево, во областа Харков.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени