На третиот ден од руската инвазија на Украина се води тешка битка за Киев, одекнуваат експлозии и се слушаат истрели и во градот и во околината.
Најжестоките борби се водат во Василков, град на 30 километри јужно од Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин ги повикува украинските вооружени сили да ја преземат власта во земјата, додека десетици илјади Украинци се обидуваат да побегнат.
На жителите на Киев вчера им беше кажано да подготват молотови коктели, а претседателот Володимир Зеленски пркосно испрати снимка од градските улици.
Деноноќно одекнуваат експлозии низ главниот град, а борби се водат и во низа други градови.
НАЈНОВИ ВЕСТИ
09:20 Кличко: Во текот на ноќта во Киев се убиени 35 лица, меѓу нив и две деца
Во тешките борби во текот на ноќта во Киев загинаа 35 лица, меѓу кои и две деца, тврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Според досега познатите информации, нема загинати во станбената зграда која беше погодена од проектил.
09:15 Борби на автопат во Киев
Дел од автопат во близина на центарот на Киев синоќа бил место на борби. На една снимка се гледа како гори пожар на пат што ги поврзува источниот и западниот дел на градот.
Според извештаите на медиумите, снимката е направена во близина на метро станицата Берестејска, на само 4 километри од зградата во која се наоѓа украинското Министерство за одбрана.
Проспект перемоги зараз. Київ pic.twitter.com/KGQO3eKSqR
— Мілітарний (@mil_in_ua) February 26, 2022
08:55 (Видео) Снимен моментот кога проектил удира во станбена зграда во Киев
Станбена зграда во Киев била погодена од проектил или ракета рано утрово, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на солитерот, објавија светските медиуми.
Фіксуємо воєнні злочини РФ проти мирного населення України
На відео – момент попадання ракети до житлового будинку на Лобановського 6 а. Відео з камери спостереження сусіднього будинку ? pic.twitter.com/FWT8xAjwLQ— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 26, 2022