Утрински Весник
Свет

Во ЕУ почна забраната за емитување на „РТ“ и „Спутник“

Во ЕУ почна забраната за емитување на „РТ“ и „Спутник“

Советот на ЕУ одлучи од денеска да ја прекине дистрибуцијата на руските државни медиуми „Русија денес“ и „Спутник“ на територијата на цела ЕУ.

Санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос и дистрибуција, како што се кабелски, сателитски, IPTV, платформи, веб-страници и апликации, а суспендирани се сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција, соопшти Советот на ЕУ.

Брисел оценува дека „Русија денес“ и „Спутник“ се важни инструменти за „охрабрување и поддршка на руската агресија“ против Украина и дека тие претставуваат „значајна и директна закана за јавниот ред и безбедност во ЕУ“.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон