Утрински Весник
Македонија

Во Делчево пчеларите се едуцираа како да ги заштитат пчелите во услови на климатски промени

Во Делчево пчеларите се едуцираа како да ги заштитат пчелите во услови на климатски промени
300x250 (7)

Делчево, 21 февруари 2020 (МИА) – Одгледување на пчели во услови на климатски промени е темата на денешната работилница која во организација на пчеларското здружение „Пијанечка пчела 2“ се одржа во Делчево.

Експертот по пчеларство, професор Горан Колев, пчеларите од Пијанец ги запозна со начините на кои загрозените видови пчели можат да опстојат во услови на климатски промени.

300x250 (7)

– Сведоци сме на се полоши климатски услови за одгледување на пчели. Пчеларите веќе чувствуваат голема потреба од нови технологии, од нови начини на пчеларење, како би дошле до некој резултат, затоа што сериозно се зазгрозени пчелите. Пчеларите тоа во последните 10 години го чувствуваат, најмногу преку намалена продукција на мед и други медни производи и преку загуба на пчелни семејства, истакна Колев.

Со ваквиот вид едукативни работилници, како што истакна претседателот Јован Медарски, здружението има за цел да се поттикне пчеларството како гранка.

– Наш приоритет е што повеќе да ги едуцираме пчеларите, што повеќе да имаме пчелари кои ќе одгледуваат пчелни семејства. Сега сме во фаза на набавка на медоносни садници од сортата Евонија, со штосакаме да обезбедиме поголема заштита на пчелите, да спречиме прскање на насади со штетни препарати, рече Медарски.

Оваа година заради благата зима, експертите очекуваат добар род, но како што додаваат она што загрижува е зголемениот процент на угинати пчели на ниво на Европа. Според последните статистики угинувањето на пчели ја достигна бројката од 30 проценти, што според експертите е сериозна бројка.

За таа цел, како што додаваат, од особена важност е зачувување на билошкиот начин на одгледување на пчелите, без внесување хемија и експериментирање со препарати кои може да им наштетат на пчелите. вс/цр/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!