Утрински Весник
Македонија

Во Делчево дистрибуирани 20 пакети со храна наменети за Рамазанските пости

Во Делчево дистрибуирани 20 пакети со храна наменети за Рамазанските пости

Делчево, 24 април 2020 (МИА) – По повод Рамазан Бајрам, во Делчево дистрибуирани 20 пакети со храна наменети за верници од муслиманска вероисповед кои ги постат Рамазанските пости. Иницијативата е на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој наместо традиционалната ифтарска вечера, која поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид -19 е откажана, до џамискиот одбор на џамијата „Мехмед Фатих II“, донираше пакети со храна за верниците, како чин на продолжување на традицијата.

Упатувајки честитки до верниците, порача со молитва од дома, а не во џамија, верниците да ги практикуваат верските обреди, а со постот и верските обреди во домашна атмосфера полесно да се излезе од оваа ситуација.

– Ја користам оваа прилика и овој убав повод, за да испратам порака за соживот, љубов, почит. Традицијата го држи човекот длабоко за корените, а вербата во Бога и светото писмо независно дали е Куран или Библија, ја одредува душата и човечноста која го раѓа човекот преку неговите дела, постапки и почитта кон другите. Почитувани браќа, секогаш во сите периоди од развојот на Делчево, ние сме биле заедно. Заедно сме делеле болки, загуби, сме се радувале на убавите нешта, на Сонцето и на новите утра, на новиот живот, рече Трајковски.

Упати порака да продолжи заедничкото градење на иднината на градот.

-Секогаш да си подадеме рака, кога е потребно и да се почитуваме. Различностите го даваат спектарот, шаренилото кое го прават светот поубав. Во ова време да испратиме молитва за здравјето на секој поединец, а воедно посакувам и лесен пост и заеднички да придонесеме за радост, меѓучовечка толеранција и хармонија, додаде Трајковски. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”