Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во Делчево во тек едукација за членови на избирачките одбори

Извештајот на ДКСК за финансирањето на изборната кампања пред Комисијата за политички систем
Img 7972

Делчево, 9 март 2020 (МИА) – Во Делчево започна едукација за членовите на избирачките одбори.

Како што информираше Владимир Петровски, претседател на Општинската изборна комисија Делчево, овие активности се во пресрет на парламентарните избори закажани на 12 април оваа година и согласно со Роковникот за нивно одржување.

– Општинската изборна комисија во Делчево од денеска ги започна обуките за членовите на избирачките одбори. Обуките се одржуваат во Мултифункционалниот центар во зградата на Општина Делчево, а нив ги спроведуваат сертифицирани едукатори од стручната служба на Државната изборна комисија. Обуките ќе се одржуваат во термините од 11:00 до 15:30 часот во текот на целата недела, како и понеделник и вторник наредната недела, односно од 9 март до 17 март, рече Петровски.

Во рамки на обуката како што додаде се реализираат интерактивни вежби и вештини, кои имаат за цел членовите на избирачките одбори да се стекнат со знаења и вештини за поквалитетно и подобро спроведување на претстојниот изборен процес.

По завршувањето на обуките ќе следуваат презентации, вежби и симулации за стекнатите знаења и вештини за добро спроведување на предвремените парламентарни избори. Делчево е дел од Изборната единица 3 и на претстојните избори ќе се гласа на вкупно 33 избирачки места. Во меѓувреме до 11 март 2020 трае увидот во избирачкиот список, по што ќе се знае колку граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас на изборите во април. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби