Утрински Весник
Македонија

Во декември 40,6 илјади туристи ја посетиле земјава, најмногу во Скопје

Во декември 40,6 илјади туристи ја посетиле земјава,  најмногу во Скопје
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Над 40 илјади странски туристи ја посетиле земјава во последниот месец од минатата година. Најпривлечни биле Скопје каде од вкупниот број 40.627 престојувале 19.290, и езерските места каде престојувале 11.969 странски туристи. Најбројни меѓу странските туристи биле од Бугарија 7483, Грција 5651, Србија 4368, Турција 3154 и Косово 2237. 

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на вкупниот број на туристи во декември 2019 година изнесува 61 468, а бројот на ноќевањата изнесува 119 412.

Бројот на туристите во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4,8 отсто.

Бројот на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1,7 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,6 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 0,4 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,8 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9 отсто, а кај странските има зголемување за 7,1 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,7 отсто, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,8 отсто.скс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат