Утрински Весник
Македонија

Во Дебар се поставува пропаганден материјал за заштита од Ковид-19

Во Дебар се поставува пропаганден материјал за заштита од Ковид-19

Дебар,15 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на договорените мерки и активности на дебарскиот општински Оперативен штаб за подигање на свеста од опасноста на коронавирусот и подоследно почитување на препораките за спречување на неговото ширење, попладнево почна да се поставува пропаганден материјал.

Ваков едукативен материјал веќе е залепен во центарот на градот на деловни објекти и институции.

Меѓу другото преку слики се објаснува дека е нужно носењето на заштитна маска, редовно миење и дезинфекција на рацете, да се одбегнува ракување и слично.

Оваа активност ја најави на денешната прес-конференција градоначалникот Хекуран Дука, по зголемениот број новозарази во градот. Состојбата тој ја оцени како алармантна, на што наведуваат и податоците дека од 16 земени брисеви минатата недела, осум се позитивни.

Тој, исто така, најави повторна дезинфекција на улиците и објекти во градот, како и населените места, освен селата Долно и Горно Косоврасти каде што тоа е направено по потврдениот случај на заразената жена од село Долно Косоврасти на 5 мај.

Бројот на заразени останува 61, од нив две лица од Центар Жупоа, што беа и првозаразени. Од вкупниот број 47 се излекувани, четворица починаа, додека активни на болеста се 10 лица. Во самоизолација се 41 лице.вт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила