Утрински Весник
Македонија

Во Дебар од Ковид-19 излекувани 45 лица

Во Дебар од Ковид-19 излекувани 23 лица, седми ден нема новозаразени

Дебар, 22 април 2020 (МИА) – Во Дебар веќе седми ден нема новодијагностицирани со „Ковид-19“ а само уште двајца, од претходно заразените се на домашно лекување.

-До сега извршени се повеќе од 250 тестирања,при што позитивни  на „Ковид-19“ се 51 лице,од нив двајца од Центар Жупа. Исто така извршени се повеќе од 50 ретестирања за да се потврди негативниот резултат, односно дека заболените лица се оздравени,- изјави за МИА, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука,кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Од вкупната бројка заразени, 17 биле на лекување во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби,од нив 13 се испишани како оздравени, додека четворица починаа,од кои тројца мажи од Дебар и една жена од Центар Жупа.

На домашно лекување беа 34 лица,од кои,со вчера официјално соопштените податоци за четворица оздравени, битката со вирусот ја добиле 32 лица кои се лекувале во домашни услови.

Доколку се имаат во предвид бројките на оздравени во Клиниката за инфективни болести и оние во домашни услови или вкупно 45, тоа значи дека се лекуваат само уште двајца пациенти и тоа во домашни услови.

Во оштините Дебар и Центар Жупа, според Стефан Димоски портарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид во изолација се 111, а во самоизолација се 68 лица,кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници. вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија