Утрински Весник
Македонија

Во Дебар за време на полицискиот час волонтерите на Црвен крст во служба на граѓаните

Во Дебар за време на полицискиот час волонтерите на Црвен крст во служба на граѓаните

Дебар, 8 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој ракоди и со општинскиот Оперативен штаб, по редовната седница на штабот, на прес – конференција информираше за состојбата во општината, како и за меките превземени во врска со потребите на граѓаните за време на полицискиот час.

-Апелирам до граѓаните целосно да го почитуваат полицискиот час, како во работните денови така и за време на викендот. Ги информирам дека ќе има дежурни маркети и аптеки и оти на услуга на граѓаните ќе бидат волонтерите на општинската организација на Црвен крст. Граѓаните може да се јават на телефонските броеви 046-831-074 или 071-223-990, рече Дука.

Безбедносната состојба ја оцени како добра, не се забележани непочитувањата на одлуката за забрана за движење, групни собирања, ниту е нарушен јавниот ред и мир. Единствено, рече Дука, регистрирана е една тешка кражба во селото Могорче.

Во моментов, додаде тој, се прават напори  да се овозможи заминување за САД, на лица кои се потекло од Дебар, а се затекнати тука.

Што се однесува до состојбата со заразените со „Ковид-19“ посочи дека на домашно лекување се 29 лица, во текот на вчерашниот ден тестирани се 13 лица а во домашна изолација се 71 лице.

-Сепак упатувам апел граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи епидемијата со коронавирусот не е елиминира, рече Дука. вт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер