Утрински Весник
Свет

Во Данска повторно се отвораат училиштата, но под строги услови

Danish Schools

Данска почна делумно да ги отвора училиштата, но под услов учениците да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање и хигиена. Наставата ќе се одвива само за децата до петто одделение под строги правила: постојано миење раце, растојание меѓу клупите од два метра, мали групи на ученици во еден клас и, ако дозволуваат условите, што повеќе настава на отворено.

Данската премиерка Мет Фредериксен по посета на едно од училиштата изјави дека децата се многу среќни што ги гледаат своите пријатели.

„Тие пропуштија многу време да бидат едни со други. Некои од децата ми кажаа дека им е навистина тешко што не можат да се прегрнат со своите другарчиња“, изјави таа.

Мерките за спречување на корона вирусот, вклучувајќи го и затворањето на образовните институции, во Данска засегаше 400.000 деца од предучилишна возраст до петто одделение и околу 250.000 деца во дневни установи. Рестораните, кафулињата, пабовите, театрите и другите објекти за слободно време ќе останат затворени до 10 мај.

Од вирусот во Данска заразени се 7.074, а почина 321 лице.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Бела куќа: Хезболах го изврши нападот на Голанската висорамнина

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах