Неизвесна е судбината на грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо. Доколку не го продолжи договорот со Милвоки бакс, Далас маверикси се подготвени да тргнат во комплетна офанзива, изјави новинарот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст.
„Маверикси ќе бидат први во редот да го убедат Јанис. Сакаат на Лука Дончиќ и Кристап Порзингис да им додадат и трета ѕвезда. Ова лето од Далас не би требало да се очекува некое сериозно име од слободните агенти, затоа што не сакаат да го намалат буџетот за 2021“ – вели Виндхорст.
Минатиот месец се пишуваше дека Марк Кјубан сака да создаде европски дрим-тим, па ниту плата од 25.000.000 долари за грчкиот кошаркар нема да го пробие селари-капот. Сепак, за очекување е Бакси да му понудат на „Грик Фрик“ петгодишен договор вреден 250 милиони долари.
Појасна слика за целата ситуација поврзана со двојниот МВП на НБА-лигата се очекува да има на крајот на годинава и на почетокот на идната.
> Во Далас се готви европски дрим-тим, се чека на одлуката на „Грик Фрик“ <