Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Грција 9 од 10 заболени од ковид се заразени со омикрон

Во Грција 9 од 10 заболени од ковид се заразени со омикрон
300x250 opst2

Девет од десет случаи во Грција може да се препишат на омикрон варијантата на коронавирус, изјави заменик-министерката за здравство Мина Гага.

Таа рече дека на 30 декември омикрон имал учество од 82 отсто од сите случаи, а само еден ден подоцна бил 89 отсто, објави „Катимерини“.

Со оглед на зголемениот притисок врз итните здравствени служби, таа ги повика луѓето кои се позитивни на антигенски тест да не брзаат во болниците да направат ПЦР тест, туку тоа да го пробаат во локалните амбуланти.

Приватниот медицински сектор денеска треба да добие официјален допис од владата со барање да му помогне на јавното здравство, рече Мина Гага.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД