Утрински Весник
Свет

Во Грција уште 358 заразени со коронавирус, пет лица починаа

Најголем број новозаболени во Грција од април

Во Грција се потврдени уште 358 нови случаи на коронавирус, а пет лица починаа како резултат на инфекција со вирусот.

Националната организација за јавно здравје соопшти дека од крајот на февруари, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19, вкупно се заразени 16.286 лица, од кои се верува дека речиси 3.000 биле заразени во странство, а 6.808 се поврзани со веќе познати случаи, јавува агенцијата АНА.

Вкупно 73 лица се на апарати за дишење. Од болниците се пуштени 191 пациент, кои оздравеле од вирусот. Досега починаа 357 лица како резултат на инфекција со коронавирусот, од кои 132 се жени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хронологија: САД ја завршуваат воената присутност во Ирак по 23 години

Според истрага, повеќе од 270 свештеници во Масачусетс злоставувале деца со децении

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари