Утрински Весник
Свет

Во Грција луѓето на возраст од 40 до 44 години можат да се вакцинираат со сите достапни вакцини

Во Грција луѓето на возраст од 40 до 44 години можат да се вакцинираат со сите достапни вакцини

Грчките власти објавија дека од денеска повторно е активна платформата за закажување преку интернет вакцинација на граѓани на возраст од 40 до 44 години.

Како што беше најавено, тоа ќе им овозможи на граѓаните да се вакцинираат со сите достапни вакцини, пренесува грчката агенција АНА.

Луѓето од оваа возрасна група сега можат да се вакцинираат со вакцината на „Астразенека“, на „Фајзер, „Модерна“ или „Џонсон и Џонсон“. Досега, оваа возрасна група можеше да се вакцинира само со вакцината на „Астразенека“.

Можете да прочитате

Двајца кинески генерали исклучени од армијата и од Комунистичката партија

Погоден танкер во Ормуска Теснина

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за носење бурки и никаби во италијанските училишта