Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Градскиот парк во Велес засадени 90 дрвца

Општина  Велес во 2020 со повеќе еко мерки за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот
300x250 opst2

Велес, 4 март 2020 (МИА) – Вработени од Р.Е. „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Дервен“ од Велес, неделава во велешкиот Градски парк засадија 90 дрвца од јавор, јасен и зимзелени дрва.

Засадувањето е  дел од годишната Програма на ЈКП „Дервен“ за подигнување на нови зелени површини за 2020, а која претходно ја усвои Советот на Општина Велес

Од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните за совесно однесување кон младите засадени садници од дрвца, а кои ќе придонесат за почист воздух во Велес

Претпријатието воедно најавува дека и во наредниот месец ќе продолжи со засадување на млади садници од дрвца, секаде каде што има слободен простор на сите јавни површини и паркови во градот. ад/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат