Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар угостителите го почитуваат новото работно време, автобускиот превоз кон Дебар е укинат

Во Гостивар угостителите го почитуваат новото работно време, автобускиот превоз кон Дебар е укинат

Гостивар, 14 март 2020 (МИА) – Автобуските линии од Гостивар кон Дебар привремено се укинати, а угостителите доследно го почитуваат новото работното време. Кон препорачаните мерки се приклучи гостиварската локална самоуправа, која синоќа отпочна со дезинфекција на градските улици.

Според информациите од гостиварската автобуска станица, од денеска автобускиот превоз од Гостивар кон Дебар е во прекин како дел од мерките кои Владата ги спроведува за спречување на ширењето на коронавирусот. Контроли за почитување на мерките има во близина на Маврови Анови, кај браната и месноста Бошков Мост.

Градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски во неговото обраќање преку социјалните мрежи упати апел за разбирање и максимално почитување на препораките.

-Поради состојбата со коронавирусот и мерките кои важат за општините Дебар и Центар Жупа поставена е полициска контролна барикада пред Бошков Мост, што значи дека не смее да се оди за Дебар, како и за селата Лазарополе, Гари Тресонче и другите села од тоа место.

Синоќа обиколки на пазараните инспектори имаше и во полошко. Четири тима во Тетово и три тима во Гостивар спроведуваа контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини. Според информациите добиени од надлежните служби, доследно е почитувано новото работно време и не се поднесени пријави. Од тие причини синоќа по гостиварските улици имаше видно намалена раздвиженост.

Со дезинфекција на јавните површини и улиците за намалување на ризикот од ширење на вирусот се приклучи локалната самоуправа. Екипи на ЈП „Комуналец“ синоќа ги миеја улиците, а претходно беа дезинфицирани и контејнерите за отпад. Како дел од мерките од денеска не работи Ски центарот Маврово. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег