Гостивар, 4 март 2020 (МИА) – Кои се најефикасните мерки и како да се спречи ширењето на корона вирусот и последиците кои ги предизвикува, беа дел од темите на предавањето што денеска се одржа во Гостивар, во организација на локалната самоуправа.
На предавањето на кое учествуваа раководители на образовни и други институции и граѓани во салата на советот на општина Гостивар, д-р Фадил Цана, специјалист во Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, презентираше дел најефикасните мерки како да се спречи ширењето на вирусот, но, и како што нагласи, да се разбијат митовите околку оваа болест.
Според него, доколку се следат препораките за заштита од „Ковид 19“, нема потреба од загриженост.
– Мерките кои ние како индививдуи треба да ги преземеме против оваа болест, пред сé, се однесуваат на подигање на свеста за мерките за лична хигиена и тие да се спроведуваат во нашите семејства. Тоа од друга страна пак ќе придонесе и за поширока заштита, рече д-р Цана.
Ваљбон Лимани, шефо на кабинетот на градоначалникот на општина Гостивар, појасни дека иницијативата за ова предавање е пред сé во потребата од повеќе информации и зајакнување на свеста за поефикасно справување со овој предизвик.
– Идејата за ова предавање дојде по сите информации и дезинформации кои беа презентирани деновиве по медиумите и социјалните мрежи. Решивме, во соработка со сите образовни институции и граѓани да ораганизраме ваков настан со информативен карактер на кој ќе добиеме повеќе сознанија за висрусот и како да делуваме доколку се појави, изјави Лимани. згм/цр/