Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во Германија се делат бесплатни маски за лица постари од 60 години

Во Германија се делат бесплатни маски за лица постари од 60 години
300x250 opst2

Германската влада ќе им обезбеди на граѓаните постари од 60 години бесплатни маски ФФП2, додека Баварија воведува зголемени мерки за затворање поради епидемиолошката состојба.

„За граѓаните постари од 60 години, обезбедивме по три маски ФФП2 што можат да ги земат во аптеките“, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Фондот за здравствено осигурување ќе издава ваучери со кои ќе се подигнуваат маски во аптеките.

Шпан додаде дека „најважната цел“ е да се заштитат најранливите. Се проценува дека околу 27 милиони германски граѓани имаат право на бесплатни маски како дел од оваа акција.

Во исто време, германскиот министер за здравство предупреди дека овие маски не даваат целосна заштита.

„Носењето на оваа маска не значи дека другите мерки на претпазливост можат да се заборават“, рече Шпан.

Германската фондација за заштита на пациенти ја критикуваше мерката, укажувајќи дека повеќето од 2,5 милијарди издвоени за мерката ќе завршат во џебовите на фармацевтите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци