Утрински Весник
Спорт

Во Германија, подготвени да го организираат Гран-прито наместо Силверстон

ГП на Британија ќе се премести, за да се размине со „Вимблдон“ и ЕП 2020
Ss2

Берлин, 20 мај 2020 (МИА) – Организаторите на германското Гранд При се подготвени да бидат домаќини на трка во Формула 1 наместо Силверстон. Одржувањето на британското гран-при е загрозено откако тамошните власти издадоа декрет за потребата да се изврши двонеделен карантин за сите лица кои влегуваат во земјата.

Вработените и учесниците во Формула 1 сè уште не подлежат на исклучок од ова правило.

Ss1

Во Германија изразија подготвеност да бидат домаќини на две трки кои првично требаше да се одржат на Силверстон. Натпреварувањето би се одржало на Хокенхајм ринг.

За сезоната 2020 на првичниот календар не беше предвидена трка за Големата награда на Германија. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари