Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Гевгелија се спроведуваат два проекта за општинско корисна работа

Во Општина Гевгелија над 1000 лица примаат постојана или повремена парична помош
300x250 opst2

Гевгелија,19 февруари 2020 (МИА) – Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општина Гевгелија спроведуваат два проекта во рамки на програмата за општинско корисна работа со цел да овозможат социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време.

– Ангажираните лица во проектите на програмата ќе се стекнат со одредени вештини кои ќе им помогнат да се вклучуваат постепено на пазарот на трудот,а преку обезбедување на услуги од социјалната сфера и да им помага на лица со попреченост кои живеат на територијата на локалната самоуправа,посочија од општина Гевгелија.

Во проектот „Отворена врата за социјална инклузија и гарадење подобра заедничка иднина“ што заедно го реализираат општините Гевгелија,Богданци и Дојран ангажирани се три лица од кои двајца физиотерапевти и еден асистент физиотерапевт чии услуги ги користат штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија.

Во вториот проект наречен „Можности за сите“ ангажирани се пет лица од кои еден социјален работник и двајца негуватели во Дневниот центар, еден личен асистент и еден образовен асистент на лица со попреченост. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ