Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Гевгелија продолжува акцијата за делење бесплатни маски за граѓаните

Во Гевгелија продолжува акцијата за делење бесплатни маски за граѓаните
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Општина Гевгелија денеска соопшти дека со цел да се спречи ширење на коронавирусот продолжува акцијата за делење бесплатни заштитни маски за граѓаните. Во периодот од 10 до 16 часот секој ден, бесплатните заштитни маски се делат на посебен пункт, поставен на градскиот плоштад, пред супермаркетот „Кит-Го“.

– Маските на граѓаните ги делат волонтерите на Невладината организација „Чеjнџмејкерс“ која се вклучи во реализацијата на оваа акција на Општина Гевгелија. Исто така, заштитни маски ќе се делат и во населените места, преку Општинските канцеларии и на други пунктови во населените места, се вели во соопштението од Општина Гевгелија.

Од Општината информираат дека во Гевгелија продолжува акцијата за дезинфекција на улиците согласно донесениот План за дезинфекција на улиците и јавните површини. Општина Гевгелија во соработка со Центарот за здравје – ПЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ пред неколку дена почна со акцијата за дезинфекција на улиците во централното градско подрачје во Гевгелија. Потоа, во вечерните часови се дезинфицираат и другите улици и јавни површини, од страна на ЈПКД „Комуналец“, а под стручен надзор
и упатства од Центарот за здравје – ПЕ Гевгелија. Акцијата на одредени улици и површини ќе се повторува секој петти ден.

Општина Гевгелија ги информира граѓаните дека викендов, в сабота и в недела, ќе почне да се спроведува забраната за движење во период од 16:00 до 05:00 часот. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ