Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија одбележани 115 години од смртта на Сава Михајлов

Во Гевгелија одбележани 115 години од смртта на Сава Михајлов
Dik 300x250 mk

Гевгелија, 1 март 2020 (МИА) – Со пригодна свеченост во Гевгелија беа одбележани 115 години од загинувањето на гевгелискиот војвода, илинденецот Сава Михајлов, кој на денешен ден во 1905 година сам си го одзел животот кај селото Смол во борба со турска војска.

По тој повод, денеска пред неговата биста во центарот на градот свежо цвеќе положија делегација на Општина Гевгелија предводена од градоначалникот Сашо Поцков, делегации на борците, политичките партии и здруженија на граѓани.

Во своето обраќање Јане Ташковски од боречката организација истакна дека Сава Михајлов бил близок соработник на Гоце Делчев и учетвувал во многу акции против отоманскиот поробувач.

–Сава бил учесник во грабнувањето на Мис Стон, како и во диверзијата на железничкиот мост на реката Вардар. Неговото име, кое никогаш нема да згасне, го носеше и првиот партизански одред формиран во овој регион, рече Ташковски. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!