Утрински Весник
Македонија

Во виничко Истибања новата канализациска мрежа се поврзува со стариот колектор

Во виничко Истибања новата канализациска мрежа се поврзува со стариот колектор

Виница, 13 март 2020 (МИА) – Механизација и работници од јавното комунално претпријатие „Солидарност“ од Виница денеска ги почнаа градежните работи за поврзување на новоизградената канализациска мрежа во селото Истибања со стариот колекторски систем.

За комплетирање на градежните работи од општинскиот буџет беа инвестирани близу два милони денари, при што во две фази се изгради нов колекторски систем со вкупна должина од илјада метри.

-Поврзувањето на новиот и стариот канализациски систем ќе се реализира во текот на овие два дена, по што од почетокот на идната недела ќе можат да се поврзат и секундарните приклучоци од домаќинствата. Со изградбата на канализацијата и поврзувањето на постојниот колектор се решава главниот комунален проблем за над илјада жители на едно од најголемите села во општината. Истовремено се обезбедува еколошка заштита на плодното земјиште во сливот на реката Брегалница, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Со проектот за довршување на канализациската мрежа во селото, се изградија 15 собирни шахти и се постави цевковод со пречник од 400 и 200 милиметри, од кој дел поминува во близина на коритото на реката Брегалница.

Освен во Истибања, локалната самоуправа на Виница, досега инвестираше во колекторски линии и во селата Градец и Драгобраште.та/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”