Утрински Весник
Свет

Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

Шест војници и еден ветеран во Велика Британија се уапсени под сомнение за дрога, позајмување пари и перење пари.

Министерството соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од „планирана операција“, пренесе Би-Би-Си.

Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.

Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник кој е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.

Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан. Полкот, чиј дел е принцот Вилијам, има задача, меѓу другото, да ги чува кралските палати, каде што може да се забележат нивните војници облечени во препознатлива црвена униформа и капа од кожа од мечка.

„ Во рамките на планираната операција, кралската полиција уапси шест војници од ирската гарда и еден ветеран од Велика Британија под сомнение дека набавувале дрога, позајмувале пари и переле пари. Армијата не толерира никакво незаконско однесување. Сега ова е во рацете на независна истрага. Не е соодветно за Кралската воена полиција дополнително да коментира“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела