Утрински Весник
Македонија

Во Велес 219 полнолетни граѓани направиле увид во Избирачкиот список

Во Велес 219 полнолетни граѓани направиле увид во Избирачкиот список

Велес, 10 март 2020 (МИА) – Во канцеларијата на Подрачното одделение на Државната изборна комисија во Велес досега 219 полнолетни граѓани направиле увид на податоците во Избирачкиот список.

Како што информира за МИА, Костадин Бабунски, раководител на Подрачното одделение во Велес, барање за упис или измени на Избирачкиот список граѓаните на Општина Велес, заедно со Општина Градско и Чашка може да поднесат електронски или писмено до канцеларијата на ДИК во Велес, а увидот трае до утре.

Бабунски информира дека до Подрачното одделеник на ДИК во Велес до 6 март, кога бил крајниот рок, немало доставено потписи за ниту една кандидатска независна листа. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разбиена шема со брзи кредити во Куманово, пет лица оштетиле повеќе граѓани за над 200.000 евра

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Дождот го прекинува топлиот период: Сабота со најмногу простор за есенска прошетка