Утрински Весник
Македонија

Во Велес состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните институции

Во Велес состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните институции

Велес, 20 март 2020 (МИА) – По прогласување на вонредните мерки поради Ковид 19 од страна на Владата, денеска  во Општина Велес  се  состана Општинскиот штаб за заштита и спасување со кој раководи градоначалникот Аце Коцевски. На состанокот присуствуваа претставниците на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравстен дом, ЈЗУ Центар за јавно здравје, Општинската организација на Црвен Крст, од Стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица, Центарот за социјални работи, претседателот на Советот на Општина Велес, претставници на трудовата инспекција и вработените од општинската адмнинистрација, со цел превземање на дополнителни мерки на заштита од коронавирусот.

Како што информира за МИА, градоначалникот Коцевски на состанокот станало збор за обезбедување на заштитни средства (ракавици, маски, мантили, средства за дезинфекција) на сите институции кои се директно вклучени и засегнати од настанатата ситуација со Ковид-19.

-Имаме понуда од фирмата „Гуџов“ за изработка на заштитни маски, како и од фирмата „Јука“, а Ротари клубот најави дека ќе обезбеди заштитни средства и одела за вработените од Инфективното одделение при велешката Општа болница. Ние како Општина Влес од својот буџет ќе издвоиме средства за набавка на заштитни маски, најави Коцевски.

Воедно е заклучено да се продолжи соработката, активностите и работата на веќе формираните мобилни тимови во соработка со ОО на Црвен Крст- Велес, да се разгледа состојбата на објектите кои се во сопственост на Општина Велес, а може да се стават на располагање во случај на потреба за сметстување на лица на кои им е потребана самоизолација, како Средношколскиот дом и други објекти во сопственост на општината.

Согласно донесениот Оперативен план за превентивна дезинфекција на Општина Велес било констатирано дека треба да се продолжи според динамиката дадена во истиот за дезинфицирање на јавните прометни површини.

Воедно на состанокот било  предложено до ЈКП „Дервен” да донесе одлука во врска со покриениот пазар во Нова населба, истиот времено да биде затворен, додека на големиот  Градскиот пазар на отворено да се направи соодветен распоред на тезгите, а влезот во самиот пазар да биде редуциран и регулиран со распоред од овластени лица од претпријатието.

Коцевски информира дека  поради прогласената вонредна состојба и предложените превентивни мерки, а со цел да се согледа состојбата на институциите во градот, се предлага почесто одржување на состаноци на горенаведените претставеници на институциите со Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Градоначалникот Коцевски воедно апелира посебно до младите од Велес да избегнуваат групни  собирања, кои деновиве биле забележани  кај велешкото езеро „Младост“ кај паркчето на „Авона“ во паркчето на ООУ „Васил Главинов“ и во Детскиот  забавен парк во Населбата „Тунел“.

-Со тоа ќе го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани, апелира градоначалникот Коцевски. ад/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност