Велес, 17 април 2020 (МИА) – Со парична донација на велешкиот фудбалерот Панче Ќумбев и неговото семејство, а со подготовка на оброкот во Гостилница „Боем“ која се вклучи во хуманата акција насловена „Условен оброк“ и го подготви посниот ручек, денеска во Велес беа поделени 370 оброци за социјално ранливи семејства од градот и уште 30 оброци за здравствените работници или вкупно 400 ручеци на Велики Петок спрема Велигден.
При поделбата на ручекот од гравче риба и салата се вклучија и волонтерите на Општинскиот Црвен крст и хуминитарката Ленче Здравкин.
Таа за МИА, вели дека граѓаните биле примерни при делење на храната и според претходниот договор со нив држеле растојание, некои носеле маски и друг вид на заштита, а тие на дел од нив им делеле и заштитни маски и нараквици.
Од Гостилницата „Боем“ која во повеќе наврати била вклучена во вакви хуманитарни акции за делење на подготвени оброци посочуваат дека во овие кризни денови храната е потребна на голем дел социјално ранливи семејства, семејства не само за празниците туку и секојдневно.Тие затоа апелираат кон граѓаните и фирмите да бидат хумани на дело да се вклучат во следни хумани акции кои би се организирале не само за празници туку и за обични денови. ад/оџ/